Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Салах и Брунер арбитри на утрешниот дуел во Скопје
Салах и Брунер арбитри на утрешниот дуел во Скопје

Салах и Брунер арбитри на утрешниот дуел во Скопје

ЕХФ делегираше судиска двојка од Швајцарија да ја дели правдата на саботната пресметка на која се среќаваат домаќинот Вардар и тимот на Кристијанштад од Шведска.

Станува збор за младите арбитри Артур Брунер и Морад Салах, кој на неколку наврати биле во Скопје и му суделе на нашиот Вардар. ЕХФ делегат пак, на овој дуел ќе биде Јосип Посавец од Хрватска.

Дуелот со Кристијанштад утре започнува од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”.