Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите за младинските екипи на ракометниот клуб Вардар. Активни ќе бидат пионерките и кадетките, како и кадетите на Вардар.
Дербито во групата 1 од пионерската лига ќе се одигра во сабота во спортската сала во населбата Автокоманда, во кое се среќаваат екипите на Металург и Вардар. Тоа ќе биде дуел на првите две пласирани екипи на табелата, кои имаат максимални шест освоени бодови по првите две одиграни кола. Мечот ќе стартува од 10:00 часот.
Активни во ова коло ќе бидат и кадетките на Вардар, кои во недела во С.Ц. Јане Сандански се домаќини на екипата на Алушовски, меч кој ќе започне од 14:30 часот. Вардаровите кадетки после два одиграни натпревари имаат исто толку победи во лигата.
Натпревар во вторник ќе одиграат и кадетите на РК Вардар во рамките на групатра 1, кои во малата сала на С.Ц. Јане Сандански се домаќини на екипата на Цемс, со почеток од 16:30 часот. Избраниците на Будимир имаат максимални шест освоени бодови после првите два одиграни меча, додека Цемс е лидер со девет бодови, но и натпревар повеќе од црвено-црните.