Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пет играчи од Работнички во минатото го носеле дресот на црвено – црните
Пет играчи од Работнички во минатото го носеле дресот на црвено – црните

Пет играчи од Работнички во минатото го носеле дресот на црвено – црните

Пет играчи од сегашниот тим на Работнички во минатото го носеле дресот на црвено – црните.

Новиот стопер на Работнички, Владимир Димитровски, мина две сезони во нашиот тим. Најпрвин беше дел во 2006 година, а потоа и во сезоната 2013-14 кога одигра 33. официјални натпревари и постигна еден гол. Некогашен играч на Вардар и миленик на навивачите секако е Остоја Стјепановиќ. Сега веќе 33-годишниот Остоја има одиграно преку 100. натпревари во црвено – црниот дрес. Секако и он ќе настапи на утрешниот дуел. По нив двајца, на ред доаѓа уште еден играч од средината на теренот, екс вардарец. Оливер Пеев во минатото беше дел од нашиот тим за потоа да направи трансфер во редовите на Тетекс. Петар Петковски е четвртиот играч кој го носел дресот на Вардар. Брзоногиот напаѓач четири сезони го носеше нашиот дрес и одигра повеќе од 50. натпревари. Од него се очекува најголемата опасност по нашиот гол, бидејќи е во одлична форма и веќе има постигнато пет погодоци. Последен на оваа листа кој бил во таборот на Вардар е уште еден напаѓач. Станува збор за Филип Петковски. Петковски во сезоните 2014/15 и 2015/16 беше дел од шампионскиот Вардар и одигра околу 30-сетина натпревари.

vardarfans-petkovski
Како ќе одиграат овие играчи и кои од нив ќе добие шанса за настап, ќе дознаеме на утрешниот натпревар кој започнува со почеток од 19.00 часот.