Вардар е лидер на табелата во првата македонска фудбалска лига и по завршувањето на петото коло од првенството . Црвено – црните ќе го задржат лидерското место во наредниот двонеделен период кога има пауза во мак фудбалот поради настапите на А-Селекцијата во квалификациите .
По лошиот старт на почетокот и ремито со Шкупи избраниците на Гоце Седлоски одиграа четери меча на кој остварија исто толку победи и освоија максимални 12 бода . На менито на црвено – црните беа тимовите на : Шкендија , Младост , Металург и штипска Брегалница . Зад нас на бод негатива е нашиот конкурент од Тетово Шкендија , а на трета позиција изненадувачки по пет кола е ФК Силекс . Следен меч е на домашен терен повторно на Арената Филип втори на 13-ти август со тимот на седмопласираниот ФК Хоризонт Турново .