Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Мартин Спировски: Имавме целосна доминација на теренот, што може да се види и по конечниот резултат
Мартин Спировски: Имавме целосна доминација на теренот, што може да се види и по конечниот резултат

Мартин Спировски: Имавме целосна доминација на теренот, што може да се види и по конечниот резултат

Прв триумф и за најмладата генерација, која оваа сезона се натпреварува во домашното првенство. Трите бода се освоени на гостувањето во Прилеп, против екипата на Победа. Конечниот резултат гласеше 0:5. Мартин Спировски беше стрелец на два гола, по еден дадоа Ибрахим Ариф, Марио Илиевски и Самир Хасиќ.

-Од самиот почеток на мечот, па се до крајот имавме целосна доминација на теренот, што може да се заклучи и по конечниот резултат. Ние и покрај 5-те постигнати голови, имавме уште неколку 100% шанси кои не ги искористивме. 

Спировски ги постигна своите први официјални голови во првенството.

-Иако играв помалку од едно полувреме, успеав да постигнам два погодоци, кои се мои први во лигата. Претходеа асистенции од Самир Хасиќ. Заслужена победа над противникот, над кој бевме физички и психички поспремни, изјави Мартин Спировски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски