Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите го заокружија победничкиот викенд на Вардаровите генерации
Пионерите го заокружија победничкиот викенд на Вардаровите генерации

Пионерите го заокружија победничкиот викенд на Вардаровите генерации

Втора победа од исто толку одиграни мечеви за пионерите на Фк Вардар. На гостувањето во Прилеп,немаа поголеми проблеми и триумфираа со високи 0:4. Јакуп Бериша постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запиша и Александар Ѓоргиески.

Максимални шест бодови по првите две одиграни кола за оваа генерација. Уште од почетокот на мечот ја наметнаа својата иницијатива и го напаѓаат голот на противникот. Домаќинот беше немоќен да стори нешто повеќе по нашиот гол. Главно се играше на половината на Победа, која немаше одговор за добрата игра на нашите момци. На одмор се замина со минимални 0:1.

Веќе во второто полувреме, нашите напаѓачи беа поумешни во завршниот удар, па постигнаа уште три погодоци. До крајот на дуелот, црвено-црните ја контролираа играта на средината на теренот, без некои посериозни прилики за гол на двете страни. По стартниот триумф против Работнички, ова е веќе втора победа за пионерите кои го држат првото место на табелата.