Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар без поголеми напори ја совлада Подравка и се пласираше во финалето на турнирот
Вардар без поголеми напори ја совлада Подравка и се пласираше во финалето на турнирот

Вардар без поголеми напори ја совлада Подравка и се пласираше во финалето на турнирот

Без поголеми напори, екипата на Жрк Вардар ја оствари и втората победа во својата група на турнирот. Така обезбеди пласман во финалето, кое на програмата е во вторник. Натпреварот започна со голот на Дамњановиќ, во почетните минути Дембеле на два пати ја погоди стативата од голот на Подравка. Набрзо следи израмнување а потоа и прво водство за екипата од Хрватска, 2:3 во 8 минута. Оваа нивна предност не траеше долго време, па Вардарки со три гола во серија поведува со 5:3. Во продолжение игравме се подобро, со одбраните на Суслина и головите на Дамњановиќ и Дембеле го зголемувавме водството. Довчерашниот играч на Подравка Андреја Човиќ става крај на првото полувреме, 15:9 во корист на нашиот шампион.

Одлично го отвараме и вториот дел, набрзина постигнуваме два гола за највисоки 17:9. Првиот гол во второто полувреме, Подравка го постигнува по четири минути игра. Следува период на израмнета игра на двете страни, по кој Инди-Питлик повикуваат тај-маут. Подолго време, Вардар е без постигнат гол, таа лоша серија ја прекинува Дамњановиќ со својот 6-ти гол за резултат 19:13 во 44 минута. Следи мало отпуштање во нашиот тим, што му овозможи на противникот да намали на само четири гола негатива 21:17 во 52 минута од мечот. Кликовац со својот втор погодок, повторно ја зголемува предноста на 24:18 и става точка на овој натпревар. Конечниот резултат гласеше 25:19.

Најефикасна во нашиот состав беше Дамњановиќ со 7 голови, Дембеле додаде 4. Денес на голот беше само Суслина ,која го заврши мечот со 10 успешни интервенции.