Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Петарда во мрежата на Прилепска Победа, од помладите пионери на Фк Вардар
Петарда во мрежата на Прилепска Победа, од помладите пионери на Фк Вардар

Петарда во мрежата на Прилепска Победа, од помладите пионери на Фк Вардар

Помладите пионери со убедлива победа, се вратија од гостувањето во Прилеп. Денес беше одиграно второто коло во оваа категорија, нашите надежи забележаа убедлив триумф со резултат 0:5. Стрелци на головите беа: Мартин Спировски (2), Ибрахим Ариф, Марио Илиевски и Самир Хасиќ.

Целосна доминација на Вардарци на овој меч со надмоќ во текот на целиот натпревар. Првиот погодок беше постигнат со удар од белата точка. На акцијата претходеше фаул во просторот на противникот, откако беше соборен капитенот Кристијан Чурлинов. Успешен во реализацијата беше Марио Илиевски. Ибрахим ја затресе мрежата во продолжение од првиот дел, за конечни 2:0 на полувреме.

Во второто полувреме, избраниците на Сашо Јанев продолжија да ја играат својата игра, што им донесе поубедлив триумф. Поседот на топка беше целосно на нивна страна. Двоен стрелец во вторите 35 минути беше Мартин Спировски и еден гол даде Самир Хасиќ за конечни 0:5. За одбележување се уште и шансите за погодок на Ибрахим Ариф кои не ги искористи, и на Мишо Крстевски кои не завршија во мрежата на Прилепчани. После второто одиграно коло, оваа генерација има 4 бода.