Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Црвено-црните против Подравка, ќе бркаат финале на турнирот
Црвено-црните против Подравка, ќе бркаат финале на турнирот

Црвено-црните против Подравка, ќе бркаат финале на турнирот

Вечерва со почеток од 20 часот во С.Ц. Јане Сандански, екипата на Жрк Вардар ќе го одигра вториот натпревар во својата група. Противник е добро познатата Подравка од Хрватска. Со оваа екипа имавме можност да играме претходните две сезони во групната фаза од лигата на шампионите. Во сите четири дуели забележувавме победи. Во сезоната 2013/2014 им го нанесовме еден од нивните најтешки порази на домашен терен во историјата на ЛШ. Тогаш тој меч заврши со резултат 17:35 во корист на нашиот шампион. Во Скопје остваривме уште една висока победа од 39:26. Во изминатата сезона исто така одигравме два дуели, од кој едниот во Хрватска го добивме минимално 26:27 и тука во Јане Сандански 35:25.

Вардар влегува во овој меч во пријатна атмосфера, после високиот триумф против Лајпциг. Ова е прв меч за противникот на турнирот, откако на првиот ден беа слободни. Во нашиот тим единствено ќе недостасува подолго отсутната Јованка Радичевиќ. Довчерашниот пикер на Подравка, Андреја Човиќ денес ќе игра против своите. Црвено-црните се голем фаворит, со победа ќе обезбедиме пласман во големото финале, кое на програмата е во вторник. Влезот за овој дуел чини само 75 денари.