Секој кој поседува сезонски билет од натпреварите на Рк Вардар во лигата на шампионите од минатата сезона, денес ќе може да си набави исти пред билетарата на С.Ц. Јане Сандански. Значи од денес стартува продажбата на т.н. привилигирани билети, која ќе трае се до среда. Билетарата ќе биде отворена во периодот од 10-18 часот. Правилото кое важи, е дека неможе да се набави сезонски билет со исто седиште од минатата сезона.
Нормалната пак продажба на карти за мечевите на Рк Вардар во лигата на шампионите, ќе започне од четврток и ќе трае до недела. Исто така од 10-18 часот ќе можете да си набавите билет за новата натпреварувачка сезона. Ќе се продаваат карти во делот за стоење и на трибините, кои ќе изнесуваат 800 односно 2500 денари. Побрзајте на време да си обезбедите билет, бидејќи не очекува долга и интересна сезона во најголемото ракометно натпреварување.