Во првиот натпревар одигран на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје сезонава, Вардар како гостин беше подобар од Работнички, победувајќи го вечерва со 0:2. Барсегјан и Брдаровски беа стрелци на двата гола, по еден во секое полувреме.
Со оваа победа, Вардар се искачи на првата позиција и барем една вечер е таму. Доколку екипата на Академија Пандев не победи денеска, можно е Вардар да остане на лидерската позиција барем до следното коло.
Во овој момент Вардар има 14 бодови со гол разлика 9:4.