Качевски Јован oд Струга е делегиран да го суди натпреварот во рамките на седмото коло од ПМФЛ, на кое на стадионот во Маџари се среќаваат нашиот Вардар и тимот на Силекс од Кратово.
Помошници на Качевски ќе му бидат Маркоски Слаѓан и Таравари Ебрар од Гостивар, а пак четврти судија ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид.
Дуелот утре започнува со почеток од 15 часот и 30 минути. Очекуваме нова победа на нашиот тим.