Од вчера, ФК Вардар е нов лидер во ПМФЛ по победа против Силекс од 1:0 (0:0), и со “киксовите” на конкурените. По ова 7.коло во македонската фудбалска елита, црвено – црните се промовираа во нови лидери на табелата. Единствениот гол за победа на атрактивен начин со волеј во 71.минута го постигна бразилскиот интерационалец Јуфо Виктор. Токму со него разговараме за тоа како се адаптираше во играта на тимот и новата средина, тој ова лето дојде во црвено-црниот колектив.
Имав лесна адаптација, бидејќи веќе играв во Македонија го познавав менталитетот и јазикот. Одлуката да дојдам во Скопје се покажа како вистинска. На почетокот имав мали проблеми поради повреди кои ме мачеа, но ги надминав. Сега сум во ред, се чуствувам добро и мило ми е што можам да му помогнам на тимот со моите игри.
На вчерашниот дуел со Силекс постигна погодок, тоа подоцна се покажа како единствен на тој натпревар и истиот беше решавачки за 3-те освоени бода. Ова беше деби погодок за бразилецот во вардаровиот дрес на официјален дуел.
Многу сум среќен што постигнав погодок, особено што беше клучен за триумф. Остваривме добар резултат, натпреварот беше многу тежок, не влеговме добро на почетокот во истиот. Му благодарам на Господ, што ми даде благослов токму јас да погодам и да донесам победa на Вардар. Сакам да им честитам на сите момци од тимот за вчерашната пожртвувана игра на дуелот со Силекс.
За крај Јуфо ги споделува своите очекувања за остатокот од сезоната на клубски и индивидуален план. Пред нас има уште многу дуели во лигата во која по седум кола сме лидери.
- Се надевам дека со мојте добри игри во продолжението од сезоната ќе му помогнам на Вардар и ќе имам голем придонес во успесите и на тимот во иднина. Нашиот тим ќе даде се од себе, имаме одлична атмосфера внатре и атакуваме на титулата со која се надевам ќе ја израдуваме публиката. Имаме одличен тим кои има желба и можности да се бори за титула која ќе биде награда за нашите навивачи кои постојано не поддржуваат и кои ги поздравувам- изјави Јуфо за Вардар фанс.
Михајло Тушевски