Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Според спортските обложувалници, Веспрем е голем фаворит во дуелот со Вардар
Според спортските обложувалници, Веспрем е голем фаворит во дуелот со Вардар

Според спортските обложувалници, Веспрем е голем фаворит во дуелот со Вардар

Во сабота, Вардар ќе гостува во Унгарија на екипата на Веспрем во рамките на 3. коло од најсилната група А во Лигата на Шампионите. Според спортските обложувалници, Веспрем е голем фаворит во пресрет на овој меч. За победа на Унгарците се дава коефициент од 1:25, за нерешен резултат 12:00, додека за победа на Вардар коефициентот е 5:50.

42584773_2057066031003156_1023507796311670784_n

Црвено-црните беа потценети пред стартот од сезоната кога ЕХФ не ги смести ниту во ТОП-10 екипи кои имаат шанси да се најдат на завршниот турнир. Избраниците на Парондо ги демантираа кога во првото коло на гостински терен го победија актуелниот шампион на Европа, тогаш коефициентот за победа на Вардар достигна до 6.00. Останува да видиме што ќе се случува утре во “Веспрем арената„, која се смета за една од најбучните во ракометна Европа.