Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најдовски: Сега сум дел од Вардар и ќе се трудам мојот тим да ги земе трите бода на утрешниот натпревар
Најдовски: Сега сум дел од Вардар и ќе се трудам мојот тим да ги земе трите бода на утрешниот натпревар

Најдовски: Сега сум дел од Вардар и ќе се трудам мојот тим да ги земе трите бода на утрешниот натпревар

Вардар во рамките од 8. коло во Првата лига утре гостува на секогаш незгодната Победа. Довчерашниот играч на тимот од Прилеп, Филип Најдовски смета дека се работи за квалитетна екипа,. Доволен показател е победата нагости против Шкендија пред неколку денови и дека ќе му биде тешко на Вардар на утрешниот дуел, но ќе атакуваат на трите бода.

„Минав убави две години во Победа, меѓутоа во овој момент би дал сè за триумф на Вардар и за останување на првото место на табелата. Сега сум дел од Вардар и ќе се трудам мојот тим да ги земе трите бода на утрешниот натпревар. Тоа што ја победија Шкендија минатото коло и тоа на нејзин терен во Тетово, треба да ни биде сериозна опомена дека не треба никако да ги потцениме. Има сериозна екипа која може во секој момент да победи секого, меѓутоа за нас приоритет се трите бода и ќе дадеме максимум да ги освоиме“, изјави Најдовски. 

„Убаво е тоа што сме лидери, меѓутоа првенството е уште на почетокот и има уште многу натпревари. Како што кажа и нашиот тренер Васоски пред неколку дена, дека не треба да мислиме на минатото, туку само кон идните натпревари. Одиме натпревар по натпревар. На секој меч мора да дадеме максимум, да освојуваме бодови, и најважно ќе биде да останеме таму што подолго. Затоа и на утрешниот меч, како и на секој натпревар во иднина ќе одиме на бодови“, вели играчот од средниот ред на нашата екипа.