Ракометарите на Вардар денеска играат нов натпревар во рамките на петото коло во СЕХА-лигата, во Скопје гостува екипата на Војводина.
На овој натпревар кој започнува за нешто повеќе од три часа, на располагање тренерот Парондо нема да го има Рожерио Мораес, кој доби повреда на саботниот дуел во Унгарија. Покрај Бразилецот, ниту Борозан нема да биде во комбинација, а се очекува да бидат одморени и уште неколку други играчи.
Дуелот започнува со почеток од 17 часот и 45 минути. Очекуваме нова победа на нашите ракометари.