Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Започнува сеха лигата за Вардар, прв противник е екипата на Војводина

Започнува сеха лигата за Вардар, прв противник е екипата на Војводина

Вечерва со почеток од 20:15 часот во С.Ц. Јане Сандански, нашиот ракометен шампион ќе ја стартува новата сезона во сеха лигата. Прв противник е екипата на Војводина од Србија. Стар познаник од претходните сезони, со кој одигравме многу натпревари.

Во подготвителниот период учествуваа на меморијалниот турнир “Маринко Келечевиќ“ на кој го освоија третото место, забележувајќи една победа и еден пораз. Триумфираа против Израелскиот првак Хапоел (27:22), а поразени беа во дуелот со Унгарска Татабања ( 26:30). Потоа следуваше традиционалниот турнир во Добој, на кој Српскиот шампион го освои исто така третото место. Во борбата за третото место беа подобри од Анталија ( 27:23). Претходно во групата остварија две победи и еден пораз. Беа поразени од Словенскиот вицешампион Горење ( 24:28). Победија против Борац Бања Лука ( 33:28) и репрезентацијата на Саудиска Арабија ( 25:24).

Војводина во новата сезона влегува со нов тренер во името на Никола Марковиќ и со неколку промени во играчкиот кадар. Екипата ја напуштија играчи како Елезовиќ, Коциќ и Лазовиќ. Новајлии се Пралица, Тркуље и секако Алексеј Растворцев кој дојде токму од редовите на Вардар. Овој тим е спој на младост и искуство, составен од неколку добри поединци. Веќе го одиграа првиот меч во сеха лигата, на гостувањето во Струмица одиграа нерешено со Макс Струмица. Минатата сезона одигравме два натпревари со овој противник и забележавме две победи.

Вардар е апсолутен фаворит во овој дуел, квалитетот е целосно на наша страна кој треба да се потврди и на теренот. Единствено кој ќе недостасува се Ангелов и можеби Матјаж Брумен. кои имаат мали проблеми со повредите. Билетите веќе се продаваат по цена од 100 денари за трибина. Дојдете во Ј.Сандански за поддршка на црвено-црните, на првиот официјален меч во новата сезона.