Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно е избрана за најдобар голман на турнирот
Лејно е избрана за најдобар голман на турнирот

Лејно е избрана за најдобар голман на турнирот

Вардарки го освоија првото издание на турнирот во организација на својот клуб. Во финалето беа подобри од екипата на Ростов Дон. На крајот беа доделени наградите за најуспешните екипи, како и за најдобар играч, голман и најдобар стрелец. Амандин Лејно ја понесе наградата за најдобар голман, ова признание го заслужи со одличниот настап на натреварот против Лајпциг. Тогаш забележа неверојатни 21 одбрана и беше најзаслужна за високиот триумф. На вчерашното финале го започна дуелот и имаше 4 успешни интервенции. Потоа на голот ја замени Суслина, која исто така имаше одлично издание.

Организаторот на играта на Ростов, Екатерина Илина е прогласена за најдобар играч на турнирот. Две ракометарки ја поделија наградата за најефикасен играч, тоа се Јауковиќ од Будуќност и Ланг од Лајпциг. За победата во финалето, нашиот шампион доби парична награда од 10.000 евра.