Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Заврши првото издание на “Вардар турнирот“ машкиот и женскиот тим ги обединија трофеите
Заврши првото издание на “Вардар турнирот“ машкиот и женскиот тим ги обединија трофеите

Заврши првото издание на “Вардар турнирот“ машкиот и женскиот тим ги обединија трофеите

Во периодот од 24-ти август до 1-ви септември, С.Ц. Јане Сандански беше домаќин на првото издание на “Вардар турнирот“. Вкупно 12 квалитетни европски екипи, по 6 во двете конкуренции беа дел од силниот меѓународен турнир во Скопје.

И на машкиот и женскиот дел, првото место го освоија ракометните екипи на Вардар, без ниту еден пораз. Особено доминантен беше машкиот тим, кој оствари три убедливи победи и без никаква конкуренција го подигна трофејот. Покрај тоа доби парична награда и од 15.000 евра. Арпад Штербик беше најдобар голман, а наградата за МВП на турнирот отиде кај Игор Карачиќ. Избраниците на Гонзалес делуваа моќно, разиграно и ги освоија симпатиите кај навивачите со своите игри.  За прв пат имавме можност во живо да ги погледнеме новите зассилувања, кои покажаа завиден квалитет и ветуваат добри настапи во црвено-црниот дрес во новата сезона.

vardarfans prvo mesto

Женската екипа полека влегува во победнички ритам и форма која тие ја посакуваат. “Вардар турнирот“ беше одлична подготвка и вистински тест за квалитетот на девојките. На првите два натпревари во група, немавме поголеми проблеми со екипите на Лајпциг и Подравка. Посебно радуваше играта против Германките, каде бевме доминантни во секој поглед. Силите се чуваа за финалето, па со Подравка одигравме колку што беше потребно.

Следуваше големото финале, против Ростов Дон на кој ја забележавме третата последователна победа над овој противник. Русинките долго време пружаа отпор и резултатски се одржуваа во игра, но Вардарки во последните десeт минути го зададоа последниот и решавачки удар. Ина Суслина со своите препознатливи одбрани, може да се каже дека го однесе својот тим кон првиот трофеј во новата сезона. За првото место освоивме парична награда од 10.000 евра. За најдобар голман беше прогласена Амандин Лејно. Настапите во ЛШ, за Жрк Вардар започнуваат во месец октомври. За тоа време следува одмор за девојките, но и со продолжување на тренинзи и одигрување на некој контролен меч, до стартот на најголемото натпреварување.

Фото: Рк, Жрк Вардар мк.