Во недела екипата на ЖРК Вардар ги продолжува настапите во најсилната супер лига. Избраничките на Симовски и Ристова се домаќини на екипата на Стружанка. Мечот ќе се одигра во големата сала на С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 14:30 часот.
Во пресрет на ова коло и двете екипи имаат по идентичен број на освоени бодови, забележаа по две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Домашниот терен треба да биде предност за црвено-црните, кои ќе се обидат да стигнат до нов триумф и да останат на горниот дел на табелата.
Судии на натпреварот се Марија Илиева и Силвана Карбеска.