Започна третото издание на младинскиот меѓународен турнир во Благоевград ( Бугарија). На овој турнир отпатуваа две наши генерации, фудбалери родени “2003“ и “2004’. Натпреварите ќе се играаат на стадионот “Христо Ботев“ и на теренот во местото “Рилци“. Мечевите ќе се играат во две полувремиња, кои ќе траат по 25 минути. Само последните натпревари за пласман ќе се играат по 30 минути. Двете наши генерации се наоѓаат во група заедно со екипите на : Левски Софија, Црвена Ѕвезда и Ботев Пловдив. Денес веќе се одиграа првите натпревари, на кои нашите надежи забележаа една победа и еден нерешен резултат.
Фк Вардар генерација “2004“ која ја предводи Филип Арсовски, победнички го стартуваше турнирот со победа над Левски. Конечниот резултат гласеше 0:2 во наша корист. Стрелци на головите беа Марио Ричков и Димитар Стоимов.
Генерација “2003“ на воведниот натпревар против истиов противик одигра без голови 0:0. Утре ги продолжуваме настапите на турнирот. Вчера беше официјалната презентација на сите екипи кои ќе учествуваат. На 5-ти септември ќе се одиграат финалните натпревари, како и доделување на наградите за најдобрите екипи и поединци. Да напоменеме дека и минатата година учествувавме на турниот, со истиве фудбалски генерациии.