Вера, младиот состав на ЖРК Вардар стигна до третата победа во Супер-лигата, откако во големата сала на С.Ц. Јане Сандански избраничките на Симовски и Ристова ја совладаа екипата на Стружанка. Црвено-црните дами победија со резултат 27-25 во еден дуел со многу борба и залагање од нивна страна.
