За неделниот натпревар на Киелце и Вардар, ЕХФ делегираше судиска двојка од Литванија. Станува збор за искусните судии Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика кој на безброј пати му суделе на нашиот тим изминатите сезони.
Се надеваме на фер и коректно судење на овие судии. ЕХФ делегат на овој дуел ќе биде Јенсен од Данска.
Дуелот на овие две екипи ќе биде одигран в недела од 17 часот.