Пионерките на Жрк Вардар во новата сезона ќе влезат со неколку промени во играчкиот кадар. Дури девет ракометарки не се веќе дел од овој тим , а нивното место по заминувањето го исполнија десет нови имиња. Меѓу нив е и Катерина Ничовска, за која ова ќе биде прва сезона во црвено-црниот дрес. Инаку екипата напорно тренира, пред почетокот на новата сезона, каде до израз треба да дојде квалитетот а со тоа и добрите резултати.
-Многу сум среќна што почнав да тренирам во Вардар, еден најпознат клуб, не само на Балканот туку и во Европа. Задоволна сум од секој тренинг во новиот клуб. Подготовките одат многу добро, со секој тренинг што го имаме секој ден неделно и два пати дневно на кеј и во сала се повеќе напредуваме како екипа.
Избраничките на Анжела Платон имаа можност да учествуваат на традиционалниот ракометен турнир “Скопје куп“ , каде беа поделени во две екипи.
На меѓународниот младински турнир “Скопје Куп“ ние како екипа дадовме се од себе, се трудевме до последен момент и сме задоволни од тоа што го направивме за толку кратко време, но сепак секогаш може подобро. Се надеваме дека и нашата најголема желба се разбира ќе ја оствариме да бидеме најдобри, и оваа сезона сите победи дека ќе бидат наши. Претходно тренирав во Академијата Вардар, се разбира многу сум благодарна и на претходните и на сегашните тренери што се толку посветени на нас, за да направат од нас добри спортисти (ракометарки). Мојата желба да бидам врвна ракометарка на Вардар никогаш нема да згасне, изјави Катерина Ничовска за нашиот сајт.
Звонко Ивановски