Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар како “казнена експедиција“ во сениорска конкуренција, ЦЕМС нова “жртва“ на црвено-црните хероини
ЖРК Вардар како “казнена експедиција“ во сениорска конкуренција, ЦЕМС нова “жртва“ на црвено-црните хероини

ЖРК Вардар како “казнена експедиција“ во сениорска конкуренција, ЦЕМС нова “жртва“ на црвено-црните хероини

Младиот тим на ЖРК Вардар, денес одигра дуелот од 7.коло во женската Супер лига против новакот во оваа конкуренција тимот на PK ЦЕМС-2018.  Вардарки во ова коло влегоа како 2.пласирани и по истото со четвртата врзана победа во низа ќе го зацврстат вице-шампионското место. Одлично досега младиот тим на црвено-црните игра во лигата па изненадувачки  се пред себе “гази“. Девојките на Симовски и Ристова дојда до нова победа со која имаат неверојани 16.бода по само седум меча.

Уште на почетокот поведовме и таа предност ја задржавме се до крајот на мечот, тргнавме со почетни 0-2 со двата гола на Ана Марија Коларска на самиот почеток. Потоа поведовме и со 1-4 и најавивме дека постојано ќе бидеме на чекор пред домаќинот.  Од минута во минута на еден гол на нашиот противник ние во нивната мрежа враќавме со два постојано зголемувајќи ја разликата. Игравме одлчно во одбраната, а на нашиот гол Илиќ успеа да дојде до десет одбрани во првиот период. Во финишот влеговме со девет гола предност 17-8, во последниот напад за нас успеавме првпат да отидеме на двоцифрена предност односно на десет гола позитива со гол за 18-8 го завршивме првиот дел.

7

Со голот на Мирјана Петковска поведовме со највисоки 11 плус во првата минута од вториот период. Предноста беше комотна, победата повеќе од сигурна па почнавме да играме умно, бидејќи овој тим утре го очекува дуел и во младинската лига. Вториот дел гледан сам за себе заврши со идентичен број на погодоци во двете мрежи, но сето тоа беше во фунција на задржувањето на нашата двоцифрена предност. Оваа четврта победа во низа со која се зацврстивме на втората позиција во Супер лигата дојде со резултат 22-32 за нас.

8

Прв стрелец  за нас на мечот против ЦЕМС-2018 беше Мирјана Петковска  со шест гола, по четири гола имаа: Стефанија Ѓорѓиевска, Џатевска Ивана и Николиќ Милица, апак Ана Марија Коларовска постигна три гола за 15сетина минути игра, иако отвори на почетокот со два гола поради хроничен проблем со коленото беше поштедена. Покрај неа уште две девојки не се во ростерот поради повреда, сепак и покрај тие потешкотии овој тим игра фантастично. На голот  во првиот дел А.Илиќ имаше 10 одбрани, а во вториот дел Трајкоска Јована одбрани добро и впиша 6 одбрани.