Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар повторно покажаа карактер, на полувреме беа на минис 5, но со храбра игра дојдоа до реми
Кадетките на Вардар повторно покажаа карактер, на полувреме беа на минис 5, но со храбра игра дојдоа до реми

Кадетките на Вардар повторно покажаа карактер, на полувреме беа на минис 5, но со храбра игра дојдоа до реми

Денес во рамки на  6.коло од женската кадетска лига екипата на ЖРК  Деспина го пречека кадетскиот тим на ЖРК Вардар во салата „Р.Р-Ричко  во Прилеп. Црвено-црните на овој дуел  го одиграа првото реми сезонава,  покрај него досега имаат 3 победи и  1 пораз. Избраничките на Платон и Папуџиева одиграа 21-21 на гостувањето, овој резултат е крајно поволен ако се зема в предвид дека на полувреме губевме минус пет.

Дуелот почна со по еден гол на двете страни за почетни 1-1, но следеше во продолжение несватлив пат во сите сегменти на нашата игра. Па така со неверојатна серија 7-1 домаќинот се одлепи на високи плус шест, односно 8-2. Во продолжение ние се стабилизиравме па влеговме во игра гол за гол, двата колектива постигнаа по пет погодоци за 13-7. Во последниот наш напад намаливме на 13-8 и тука се роди “искрата надеж“ за подобра резултат.

Очигледно тренерските совети и мотивација на полувремето дадоа плод во вториоте 30.минути. На теренот искочи еден друг мотивиран Вардар. Влеговме со фуриозни напади на почетокот веднаш успеавме да ја преполовиме највисоката предност од првиот дел на домаќинот од шест на три негатива, 13-10. Од минута во минута со мудра и цврста игра се обидовме и дојдовме до поволен резултат, првата резултатска симетрија по почетните 1-1 дојде на  18-18. Поради заморот од постојаното бркање на резултатот домаќинот го искористи тој факт и врза два гола за 20-18. Повторно бевме пред “безната“ и повторно победи црвено-црниот карактер, со серија 1-3 обезбедивме реми 21-21 на крајот.

Кај нас Пешиќ Мила беше фантастична со речиси половина погодоци денес даде  10 гола, Коцева Бојана додаде 5 погодоци. Но мора да се пофали целиот тим кој покажа дека дише како едно кога не идат работите во поволен правец.