Каков возбудлив натпревар се играше денес во Франција.
Монпеље почна многу фуриозно,имаше контрола на играта и водството,ја диктираше играта.
Го имаа во своите редови одлично расположен играч во името на Греби.Робусниот бек скоро да не утна шут кон голот на Штербик.На полувреме резултатот беше 19:17
Во вториот дел вардарци влегоа како што се очекуваше од нив,па дури по десет минути игра го имаа и водството од +1 после подолга пауза.Во завршните десет минути се играше гол за гол,во последната минута французите имаа напад за победа,но по една добра игра во одбраната Абутовиќ направи груб старт над противничкиот играч,доби црвен картон,а Монпеље имаше можност само преку 9м да постигне гол.Топката ја зема кој друг ако не одличниот Греби,но неговиот добар шут феноменално со парада го одбрани Штербик за огромен бод на вардарци од тешкото гостување.
Греби постигна дури (11) гола,кај вардарци Дибиров даде (9)
19.10.2014