Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите на ФК Вардар се одвоија на врвот, пом.пионери се вратија на победите, кадетите и младинците заостануваат зад Шкендија
Пионерите на ФК Вардар се одвоија на врвот, пом.пионери се вратија на победите, кадетите и младинците заостануваат зад Шкендија

Пионерите на ФК Вардар се одвоија на врвот, пом.пионери се вратија на победите, кадетите и младинците заостануваат зад Шкендија

Изминатиов викенд 6.коло во првенството на младинските фудбалски категории го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаа екипата на Шкупи.

Пионерите после ова коло и победата против Шкупи на гостински терен не само што ја задржаа лидерската позиција на табелата, туку и ја зголемија бодовната разлика пред екипата на Работнички. Избраниците на Игор Кралевски се наоѓаат во добра форма и со серија од три последователни победи ( совладани беа екипите на Работнички, Академија Пандев и Шкупи) се најдоа на врвот на табелата во првата пионерска супер лига. Во прилог на црвено-црните им одеше и поразот на Работнички од екипата на Академија Пандев, струмичани славеа на својот терен (2:0) и сега имаат ист број на бодови со Работнички (10 бодови) и го делат 2. и 3. место на табелата, додека 1.позиција е за тимот на Вардар кој има 14 освоени бодови. Вардаровите пионери се единствени кои се уште немаат пораз после шест одиграни кола, имаат четири победи и два нерешени резултати. Многу е важно тоа што последните три натпревари ги добивме против екипи кои се наши конкуренти за трофејот.

Важна победа остварија и помладите пионери, што значеше и прекинување на серијата од два меча без триумф. Антонио Мирков го постигна единствениот гол кој беше вреден три бодови. Избраниците на Филип Деспотовски со оваа победа го намалија заостанувањето на 3.бодови од екипата на Работнички, која прв пат сезонава загуби бодови, откако одигра со нерешен резултат (2:2) на гостувањето кај екипата на Академија Пандев. Работнички останува на првото место на табелата со 16 освоени бодови, додека Вардар и Брегалница имаат по идентични 13 освоени бодови. Изненадувачки славо котира екипата на Шкендија, која после 6.одиграни кола има само 4 бодови.

Своето 6.коло против екипата на Шкупи не го одиграа кадетите и младинците на Вардар, нивните мечеви беа одложени поради настап на пет играчи за младинската селекција до 19 години. Што се однесува до табелата кај овие две категории, првото место е за екипата на Шкендија. И кадетите и младинците на екипата од Тетово имаат максимални 18 освоени бодови. Кадетите на Вардар се најслабо рангирана наша генерација, која има само 6 освоени бодови и натпревар помалку, додека младинците на Вардар се на третото место со 12 бодови и меч помалку за одигрување.