Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ППД Загреб ја прекина победничката серија на Вардар во СЕХА-лигата
ППД Загреб ја прекина победничката серија на Вардар во СЕХА-лигата

ППД Загреб ја прекина победничката серија на Вардар во СЕХА-лигата

После поразот од екипата на Киелце, избраниците на Гарсија Парондо го доживеаа првиот пораз и во СЕХА-лигата. Серијата на победи во ова натпреварување ја прекина ППД Загреб, кој пред својата публика не совлада со резултат 26:23.

Вардар беше тимот кој ги постигна првите два гола на мечот преку руските репрезентативци, Кисељев и Калараш, додека првиот погодок домашниот тим го постигна во 6.минута а во следниот напад и го израмнија резултатот. Во првото полувреме видовме мал број на погодоци,   се до 17.минута избраниците на Парондо постојано имаа предност која се движеше од 1-2 голови разлика. Повеќе шана за игра на овој дуел добија Поповски и Војводиќ, додека во нападот го гледавме Кисељев, кој заедно со Карачиќ беа наши најефикасни играчи во првиот дел и двајцата постигнаа по 3 голови. При предност на Вардар од 12:13, противникот направи серија од 2:0 и за прв пат на овој дуел дојде до водство од 14:13 во во 28 минута. До крајот на првиот дел видовме само уште еден погодок дело на Дибиров за израмнување на 14:14. На голот беше Дејан Милосављев кој имаше само две одбрани. Многу израмнето прво полувреме, во кое ниту една од екипите не стекна солидна предност.

Лош старт на второто полувреме за Вардар, кој првиот гол го постигнува дури во 38 минута, а за наша среќа па ниту Загреб не беше нешто подобар, период во кој постигна само два погодоци, па имавме активен резултат од 16:15 за домаќинот. Радува што набрзина Милосављев стигна до две нови одбрани, вкупно четири за него на овој натпревар. Не паметиме кога за 15 минути Вардар постигнал само три голови, а конечно во листата на стрелци се запишува и Скубе кој погодува за 19:18 во 47 минута. Цело второ полувреме Загреб одржува водство, а Вардар се обидува да израмни. За прв пат на мечот со голот на Керими, домашниот тим стигна до водство од три гола разлика (24:21) во 58 минута по што се насетуваше победникот. На крајот победа за Загреб со резултат 26:23.

Најефикасен кај Вардар беше Кристопанс со 4 голови, додека Дибиров и Кисељев постигнаа по 3. Следниот натпревар за Вардар е на 30.октомври кога во рамките на 7.коло од СЕХА-лигата гостуваме на екипата на Брест Мешков.