Нов настап за репрезентација на Ерменија запиша крилниот играч на Вардар Тигран Барсегјан, а пак Кристијан Тошевски одново не доби шанса и остана на клупата за резерви и на овој натпревар.
Барсегјан во победата на Ерменија од дури 4:0 не беше стартер, во игра влезе во 74. минута при резултат 2:0. По неговото влегување домашната селекција успеа да постигне уште два гола.
По репрезентативните обврски и двајцата играчи се враќаат во Скопје каде во недела ги очекува важен натпревар за својот Вардар против Шкендија.