Пред нас се пет одиграни кола во најсилните групи од Лигата на Шампионите. Вардар после четири последователни победи го доживеа првиот пораз во ЛШ од екипата на Киелце и се израмни според бројот на освоени бодови со полскиот шампион и со екипата на Барселона. Единствено ПСЖ и Пик Сегед остануваат двете единствени непоразени екипи, истите се дел од најсилната група Б.
Што се однесува до бројот на одбранети голмански удари, Вардар може да се пофали дека го има вториот најдобар голман во двете најсилни групи. Дејан Милосављев е на втората позиција според бројот на одбранети удари во досегашните пет одиграни кола. Српскиот репрезентативец на голот на Вардар има вкупно 56 одбрани или 30% на одбранети удари кон неговиот гол, што го прави втор најдобар голман во Лигата на Шампионите. Првото место му припаѓа на Марин Шего од Пик Сегед, кој собра вкупно 61 одбрана и единствениот кој може да се пофали дека е подобар од Милосављев. Третото место е за Родриго Коралес од ПСЖ со вкупно 52 одбрани, додека на четвртото место е голманот на Целје, Клемен Ферлин кој има 51 одбрана.
Вака изгледа листата на најдобри голмани, после пет одиграни кола:
1. Шего ( Пик Сегед ) – 61
2. Милосављев ( Вардар) – 56
3. Коралес ( ПСЖ) – 52
4. Ферлин ( Целје П.Л) -51
5. Варгас ( Барселона), Нилсен ( Скјерн) -41
6. Пешиќ ( Брест Мешков) -39
7. Жерард ( Монпелје) -37
8. Кастелиќ ( ППД Загреб) -36
9. Киреев ( Мотор Запорожје) -34
10. Апелгрен ( Рајн-Некар), Штербик ( Веспрем), Бергеруд ( Фленсбург) – 33
11. Думолин ( Нант), Палицка ( Рајн-Некар), Цупара (Киелце) -31
12. Буриќ ( Фленсбург) -26
13. Сиферт ( Нант) -24
14. Густавсон ( Скјерн), Капелин ( Кристијанштад) – 18
15. Матскевиќ ( Брест Мешков) – 15
16. Миклер ( Веспрем) -14
17. Омејер ( Монпелје) -13