Грегор Оцвирк кој го засили Вардар е прогласен за втор најголем талент во Европа, според изборот на Европската ракометна федерација. Оцвирк беше еден од најзаслужните играчи за освоениот златен медал на Словенија, на Европското младинско првенство, на кое во големото финале, левиот бек на Вардар успеа да постигне дури 11 голови. На шампионатот зад неговото име беа запишани 57 голови.
-Со 11 голови во финалето, Оцвирк беше предводникот во успехот на Словенија, најдобар стрелец на натпреварот. Левиот бек се пресели од Целје во Вардар непосредно пред почетокот на сезоната и беше вклучен во играчите кои ќе настапуваат во Лигата на Шампионите, стоеше во текстот на ЕХФ.
Најголем тален е французинот Дилан Нахи, а веднаш после него е Оцвирк. Инаку Оцвирк доби повик и од селекторот на сениорската репрезентација на Слоевнија, Веселин Вујовиќ за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП.