Десниот бек на Вардар, Даинис Кристопанс стигна до 600 голои во СЕХА-лигата. Интересно летонскиот “џин“ ја игра својата осма сезона во ова натпреварување, втора во дресот на Вардар а претходно шест сезони, како дел од екипата на Татран Прешов. Тој е играчот кој има најмногу настапи и погодоци во ова натпреварување.
Кристопанс после шест одиграни кола во СЕХА-лигата е најдобар стрелец на црвено-црните, со вкупно 23 погодоци и се наоѓа во ТОП-10 листата на најдобри стрелци во ова натпреварување.