Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Максимов ниту утре во ростерот
Максимов ниту утре во ростерот

Максимов ниту утре во ростерот

Рускиот напаѓач Максим Максимов ниту на утрешниот дерби натпревар против Шкендија нема да има право да конкурира за настап.

Покрај Максимов во тимот ќе недостасува и Барсегјан, за кој ова ќе биде втор натпревар во низа во кој нема да може да им помогне на своите колеги.

Покрај нив двајца, од поодамна е повреден и Исени кој исто така нема да конкурира за настап.

Се очекува Лира да биде во шпицот на нападот, а Брдаровски и Цветаноски да играат по крилните позиции.