Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година утрово на теренот во Ѓорче забележаа нова победа во рамките на регионалната-скопска лига. Избраниците на Сашо Јанев беа подобри од екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 0:3.
На овој дуел настапивме со втората постава, додека тренерот Јанев ги одмараше своите најдобри играчи за куп дуелот што не очекува во четврток. На денешниот дуел настапивме во состав: Илиевски, Николовски, Конески, Таневски, Галевски, Калановски, Сековски, Цветков, Јовановски, Радевски, Наумовски.
Вардар го отвори резултатот со погодокот на Горјан Цветков, кој после повредата се врати на терен и тоа со погодок за предност на Вардар од 0:1. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол, истиот го постигна Стефан Наумовски, за водство од 0:2. Подобри бевме и во вториот дел, кога постигнавме уште еден гол во мрежата на Македонија Ѓ.П. со првиот гол денес на Петар Пројковски, за конечни 0:3 на овој натпревар од регионалната-скопска лига.
Ова беше шестти триумф во серија за избраниците на Сашо Јанев, со кој се зацврстија на првото место на табелата.