Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Избраниците на Будимир како по “ноти„ кадетите на РК Вардар му нанесоа висок и прв пораз на Металург во кадетското дерби
Избраниците на Будимир како по “ноти„ кадетите на РК Вардар му нанесоа висок и прв пораз на Металург во кадетското дерби

Избраниците на Будимир како по “ноти„ кадетите на РК Вардар му нанесоа висок и прв пораз на Металург во кадетското дерби

Избраниците на Андријана Будимир и Аце Станковски играат како по “ноти“ оваа натпреварувачка сезоната. Генерацијата на ракометари родени “2002/03„ година кои минатата сезона ја освоија пионерската лига, оваа сезона се големи претеденти за повторување на успехот и во кадетската лига. На денешното дерби од групата 1 во кадетската лига, Вардар го “преслуша“ Металург во дербито совладувајќи го со резултат 32:19 нанесувајќи му го првиот пораз на противникот оваа сезона, додека Вардар остана со максимален број на освоени бодови.

f3

Уште од првата минута на дуелот имавме предност, а на противникот од Автокоманда ниту еднаш на натпреварот не му дадовме да ја почустува предноста. Отвори со погодок Бојан Чакалиќ, а на голот го имавме одлично Давид Стојкоски, кој заедно со неговиот колега, Ненад Ангеловски беа еден од креаторите за високата предност по првите 30 минути. Будимир одлично и на овој дуел ја постави својата одбрана, а главен збор во тој дел имаа Димчевски, Чакалиќ и Савревски, кои беа непробиен “зид“ пред својот гол. Фактот што Металург својот втор гол го постигна дури во 10 минута за намалување на 4:2, говори каков супериорен Вардар гледавме денес, не само во одбраната, туку и во нападот. Во тој момент, Стојкоски на голот имаше 3 успешни одбрани, од кои една беше чист зицер.

f4

Позитивата од три гола ја имавме и во следните пет минути, се до моментот кога црвено-црните со мини серија од два погодоци преку Павловски и Калајџиески да поведеме и со 8:3, што беше знак за противничкиот тренер да побара тајмаут. Мора да се одбележат и двата одбранети седмерци на Ненад Ангеловски, откако Будимир со тренерско чуство направи замена на голманите, при изведување на пеналите за Металург. После нова одбрана на Стојкоски, добивме можност за контра-напад, кој го реализира Димитријевски за водство од 10:4. Како одминуваше првото полувреме,

f2

Вардар се повеќе го засилуваше темпото на игра, а гостинот од Автокоманда немаше квалитет да парира на нашиот состав. Со нови голови во серија на Чакалиќ и Димитријевски, вардарци стигнуваат и до високо водство од 13:5, додека на пет минути пред крајот на првиот дел, Савревски ја доближи границата до двоцифрена разлика, кога зголеми на 15:6. До крајот на првиот дел успеавме да стигнеме до плус десет гола водство, за тоа се погрижи Калајџиески кој погоди од крило за 18:8, резултат кој стоеше на семафорот во 27 минута. На голот застана Ненад Ангеловски кој после два одбаранети седмерци, додаде уште две одбрани, поточно може да се каже дека одбрани чисти зицери на противничките играчи. По првото полувреме, одличен резултат за момците на Будимир, кои на пауза заминаа со предност од 19:10.

f

Бргу во вториот дел ги вративме десетте гола разлика, кога погоди пикерот Димчески, за резултат од 21:11.Стојкоски повторно застана на голот на Вардар, повторно со нови интервенции, а Србиновски и Димитријевски погодуваат за водство од 25:15. Избранциите на Будимир не дозволуваа да се спушти границата под десет голови, напротив само растеше водството во наша корист. Со нови два последователни голови на крилото Дамјан Димитријевски, за прв пат на мечот Вардар имаше 11 гола разлика (28:17) во 46 минута.Металург и дефинитивно на крајот ке забележи многу висок пораз, на седум минути пред крајот Вардар имаше неверојатни 31:17, што не е резултат за дерби од кадетската лига, на единствените две екипи кои пред ова коло беа без пораз. На крајот и висок триумф со резултат 32:19.

Ова беше седма последователна победа за кадетите на Вардар кои се зацврстија на првото место на табелата, пред екипата на Металург за која ова беше прв пораз оваа сезона. Најдобар стрелец кај Вардар беше Давид Савревски со 8 голови.

Вардар: Стојкоски, Мишевски 1, Чакалиќ 3, Павловски 4, Трајановски, Ангеловски, Димитријевски 6, Србиновски 2, Грујовски 1, Трајчевски, Савревски 8, Пешевски 2, Димчевски 1, Мирчевски, Трифуновски, Калајџиески 4.