Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шестта последователна победа за избраниците на Јанев, ФК Вардар генер. “2005„ со триумф против Македонија Ѓ.П
Шестта последователна победа за избраниците на Јанев, ФК Вардар генер. “2005„ со триумф против Македонија Ѓ.П

Шестта последователна победа за избраниците на Јанев, ФК Вардар генер. “2005„ со триумф против Македонија Ѓ.П

Генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година утрово на теренот во Ѓорче забележаа нова победа во рамките на регионалната-скопска лига. Избраниците на Сашо Јанев беа подобри од екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 0:3.

На овој дуел настапивме со втората постава, додека тренерот Јанев ги одмараше своите најдобри играчи за куп дуелот што не очекува во четврток. На денешниот дуел настапивме во состав: Илиевски, Николовски, Конески, Таневски, Галевски, Калановски, Сековски, Цветков, Јовановски, Радевски, Наумовски.

Вардар го отвори резултатот со погодокот на Горјан Цветков, кој после повредата се врати на терен и тоа со погодок за предност на Вардар од 0:1. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол, истиот го постигна Стефан Наумовски, за водство од 0:2. Подобри бевме и во вториот дел, кога постигнавме уште еден гол во мрежата на Македонија Ѓ.П. со првиот гол денес на Петар Пројковски, за конечни 0:3 на овој натпревар од регионалната-скопска лига.

Ова беше шестти триумф во серија за избраниците на Сашо Јанев, со кој се зацврстија на првото место на табелата.