Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Победничко коло за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Брегалница
Победничко коло за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Брегалница

Победничко коло за кадетите и младинците на ФК Вардар, на гостувањето кај Брегалница

Кадетите и младинците на ФК Вардар со победи се враќаат од Штип, во рамките на 7.првенствено коло. Двете наши екипи успеаа да излезат како победници во врсниците од Брегалница.

Кадетите ја прекинаа серијата од три натпревар без победа и денес беа убедливи на гостувањето против Брегалница. Избраниците на Златко Таневски триумфираа со резултат 0:4

Вардар: Андов, Зендели, Радуловиќ-Величковиќ, Бојковски, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Хасанович, Митревски, Цури, Попоски.

Вардар успеа да поведе уште во 4.минута откако противничката мрежа ја затресе Малик Хасановиќ, за водство на црвено-црните од 0:1. На вториот гол не се чекаше многу време, по само 15 минути игра Вардар имаше солидна предност од 0:2, со погодокот на Леонид Игнатов. Овој резултат беше актуелен на полувреме. Во вториот дел уште на два пати ја тресевме мрежата на Брегалница. Најпрво во 64 минута на 0:3 зголеми Дамјан Бојковски, за конечните 0:4 на овој меч од кадетската супер лига да бидат дело на Малик Хасановиќ, за кој ова беше втор гол денес.

Во игра кај Вардар влегоа уште и Петар Гугуљанов, Харбин Речица и Марко Станковски.

Триумф оставарија и младиците кои ја продолжуваат серијата на победи. Избраниците на Ане Андовски триумфираа со резултат од 0:2. Головите за победа паднаа во вториот дел. Најпрво во 72 минута отварање на резултатот донесе Јусуф Мустафа, за конечните 0:2 на две минути пред крајот да ги постави Марио Младеновски.

Вардар: М.Велковски, Радевски, М.Младеновски, Димоски, Бериша, Д.Велковски, Антовски, А.Младеновски, Реџепи, Петковски, Тасев.