Денес во Струга младите девојки на ЖРК Вардар одиграа дуел од младинската лига против домаќинот, тимот на Стружанка. Црено-црните девојки се во налет, газат се пред себе имаат во низа шест победи по ред во исто толку мечеви. Покрај четирите победи во сениорска лига денес дојдоа и до втората во младинската конкуренција. Црвено-црните триумфираа со резултат 23-30 (6-14).
Од старт девојките на Ристова и Симовски тргнаа фуриозно во одбраната, одигравме одлично на голот неприкосновен владетел беше Симона Грујовска таа првиот гол го прими во 11.минута. Тоа не беше наградено со погодоци во офанзива, имавме повеќе прилики за гол сепак тргнавме со почетни 0-3 со погодокот на Милица Николиќ во 9.минута. Следеше краток период во кој домаќинот успеа да парира па намали на 3-5. Од тој момент па се до крајот нашите дами играа на високо ниво, од минута во минута додатно зголемувајќи ја својата предост. “Тргнавме“ со два плус, а на крајот заминавме на одмор со дури осум гола предност. На паузата на стоеше резултатот 6-14 на семафорот во салата во Струга.
Вториот дел почна со благо опуштање на нашиот тим, па тоа беше казнено од домашниот колектив. Тие влегоа во серија од 4-0, со која ја преполовија нашата предност. Со оваа серија тие намалија на 10-14 на овој младински натпревар. Следеше период на рамноправна игра на двете стани се двата тима погодија по 10 пати за резултат 20-24. Последната четвртина од дуелот му припадна во целост на Вардар. На два гола на противникот, ние одговоривме со тројна мерка односно постигнавме шест гола во нивната мрежа за плус осум, со голот на Петковска Мирјана во 58.минута поведовме со 22-30. Во последните минути домаќинот само намали на 23-30 и го ублажи поразот кој беше неминовен за нив.
Денес шутерска партија имаше Седлоска Андраја која постигна дури 8 гола, три девојки постигнаа по три погодока, станува збор за Трпевска Ивона, Џатевска Ивана и Стефанија Ѓорѓиевска. Симона Грујовска бранеше во првиот дел и имаше 7 одбрани, во вториот дел влезе Јована Трајкоска која забележи 9 одбрани.
Следен меч за овие девојки е утрешниот против ЖРК Пелистер во сениорската лига кој ќе го одиграме како домаќини во С.Ц “Ј.Сандански“.