Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младиот тим на Вардар Јуниор немаше сила да изненади на гостувањето кај фаворитот Пролет
Младиот тим на Вардар Јуниор немаше сила да изненади на гостувањето кај фаворитот Пролет

Младиот тим на Вардар Јуниор немаше сила да изненади на гостувањето кај фаворитот Пролет

Ракометарите на РК Пролет 62 без многу проблеми ја оправдаа фаворитската улога на дуелот против најмладиот тим во лигата РК Вардар јуниор. На дуелот кој се играше во салата “Македонсско Сонце“  зелено-белите триумфираа над тимот предводен од Стојан Петрушевски  со 10 гола разлика 29-19.

Дуелот почна рамноправно со почетни 1-1, потоа беше 2-2 и на крајот 4-4. Ова беше последен пат ние да имаме активен резултат на оваа средба. Со серија од четири гола во низа домаќинот се одлепи на 8-4, потоа со игра гол за гол во финишот влеговме со 12-8. Во последниот напад Пролет погоди и отиде со пет гола предност на одмор, резултатот на паузата беше 13-8.
Вториот дел тргна лошо за нас домаќинот отиде на 12 позитива, 24-12 по што се беше решено. Ние до крајот успеавме само да ублажиме и бевме поразени со десет погодоци. Пролет победи со резултат 29-19 на крајот. На овој суперлигашки дуел кај Вардар Јуниор се прв стрлец беше  Дејан Кукуловски со четири и Иван Димитровски со три погодоци.

Статистика од дуелот- тука