Каде ли видоа судиите гол на Емини пред крајот на првиот дел се прашува Вардар Фанс!?
Како е можно пет судии (тројца пред голот на Вардар) да не го следат моментот (види на фото). Јасно се увидува на фотографијата која ја постави официјалната страна на Вардар дека во моментот кога Гачевски чисто ја вади топката од гол линијата еден од судиите не ни гледа каде се наоѓа фудбалот. Како е можно главниот судија од Охрид да бара помош од другите двајца судии , а јасно да се гледа на фотографијата дека едниот од нив не ни следи што точно се случува во нашиот шеснаесетник.
Главниот судија и неговите помошници направија голема грешка. Истата можат да си ја видат низ неколку фотографии и преку неколку видео материјали. Доколку Вардар заминеше на пауза со нерешен резултат 0:0, секако дека работите ќе се одвиваа во друг правец.
Дали Фудбалската Федерација на Македонија ќе реагира по овој срамен признат гол останува да видиме.