Денес во ‘Јане Сандански“ во ракометното дерби се сретнаа ЖРК Вардар, најмладиот тим во лигата и искусниот тим на битолски Пелистер. Зелено-белите влегоа како фаворити, но тимот предводен од клупата од Симовски, Ристова и Чарчев покажа дека на нив треба да смета македонскиот ракомет. Гостинот водеше цело време најчесто со плус четири се до средината на вториот дел, но тогаш “ЛАВИЦИТЕ КРИКНАА“. Храбра, “машка“, цврста, тимска игра на црвено-црните кои ја анулираа предноста и успеаа да поведат. Навистина сите комплименти се малку за овој вардаров тим.
Првиот дел не донесе голема ефикасност, се на се видовме вкупно 15 погодоци во двете мрежи во првите 30.минути. Ние отворивме први со погодок, за нас стрелаше Ана Марија Коларовска за почетни 1-0. Гостите врзаа три гола во серија за 1-3. Правевме доста грешки во нападот кои можевме да ги претвориме во гол по големиот број промашувања на ривалот. Младите девојки на црвено-црните се бореа храбро, во 20.минута зелено-белите поведоа со 4-8. Следеше неефикасен период во продолжение. Ние во одбраната не примивме 8.минути гол, а со головите на Ивана Џатевска и Андреа Седлоска го преполовивме водството на гостинот на минус два за нас, 6-8. До крајот видовме еден погодок на битолчанки кои го поставија конечниот резултат за првиот дел 6-9.
Во вториот дел во одбраната тргнавме храбро, одбранивме успеавме да одиграме одлично двапати. Тоа го наградивме во напад, со голот на Ана Марија Коларовска која пожртвувано влезе низ средината на одбраната на Пелистер намаливме на 8-9 во 33.минута. Пелистер повторно влезе во серија (1-4) и во 7.минута од вториот дел поведе со 9-13, тие повторно отидоа на плус четири. Потоа губевме и со 11-15 и 15-18, по тој резултат тргнаа “лудилото“. На голот Илиќ фантастична, одбраната неверојатна, во нападот Николиќ, Коларовска и останатите “решетааа“. Во 50.минута од “безната“ од минус 4 ( 11-15) отидовме на плус три, 22-19. Тие минути беше гордост да се биде навивач на црвено-црните дами, тие оставија срце на терен. Овие дами дефинитивно се црвено-црна гордост. Битолчанки го нападаа нашето водство во финишот, ние рамо до рамо, ракометарка до ракометарка застанавме цврсто и се изборивме за успех. Победивме со 24-22 на крајот.
Нашиот голман Илиќ имаше 15 одбрани, Ана Марија Коларовска беше прв стрелец со 7 гола, Трпевска Ивона имаше 4 гола, а Николиќ и Седлоска постигнаа по три. Сепак ова не е битно денес победи ТИМОТ ВАРДАР, сите ракометарки, стручните лица па и публиката дишеа ко едно.