Wednesday ,04 June 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Прв пораз за Вардар оваа сезона, спорен момент им донесе три бода на Шкендија во дербито
Прв пораз за Вардар оваа сезона, спорен момент им донесе три бода на Шкендија во дербито

Прв пораз за Вардар оваа сезона, спорен момент им донесе три бода на Шкендија во дербито

После десет одиграни кола во ПМФЛ, Вардар го претрпе првиот пораз за оваа натпреварувачка сезона. Со гол од многу спорен момент на Емини и пред крајот на мечот на Ибраими, Шкендија успеа да слави во дербито со 0:2.

Екипата на Шкендија беше таа која ги имаше првите директни удари на овој меч. Уште во 1.минута од дуелот после нафрлена топка од корнер на Ибраими, шутираше Имери покрај десната статива од голот на Гачевски. Обид имаше и Алими кој се обиде од околу 20 метри, но топката заврши покрај голот на Вардар. Капитенот на Вардар, Горан Попов беше првиот од нашиот состав, кој се закани кон противничкиот гол и тоа во 13 минута кога од прекин биеше од околу 25 метри, но Захов успешно одбрани. Најголемата прилика за отварање на резултатот, ја имаше тимот од Тетово. Се играше 14 минута, кога Ибирами од освртување биеше силно, за наша среќа топката ја погоди само стативата од нашиот гол. Гачевски дефинитивно се наоѓа во добра форма, спречи чист погодок, кога најпрво биеше Имери, одбрани нашиот голман, на одбиената топка стигна Ибраими кој од непосредна близина не успеа да го совлада Гачевски, кој се истакна со нова одбрана. Одличн акција која ја започна Битанг кој се ослободи мајсторски од двајца противнички играчи, додаде до Мицевски, овој врати до Битанг кој шутираше, но безопасно за Захов кој ја прибра топката во рацете. Спорен момент во 48. Нафрли Ибраими, топката со глава ја погоди Емини, одбрани Гачевски, сепак линискиот судија процени дека топката цо цел обем ја поминала гол линијата, па по негва сугестија главниот судија Марковски покажа на центарот. Иако цела екипа на Вардар негодуваше за признатиот гол кој е многу спорен, сепак судиската тројка остана да одлуката, така Шкендија на полувреме замина со водство од 0:1.

Прв директен удар во второто полувреме за Вардар, кога Попов од прекин повторно бие, овој пат над голот на Захов во 53 минута. Голема шанса за Шкендија, но повторно Гачевски одбрани и спречи негатива од два гола за својот тим. Се обиде и Алими, но повторно на место е Гачевски. Прва измена кај Вардар во 68 минута, играта ја напушти Цветановски, на негово место е Попзлатанов. Најголемата шанса за израмнување, ја имавме преку Попов, кој на нафрлена топка од корнер, бие со глава, но на место е Захов. Во игра е и младиот 17 годишен Џемал Ибиши, на местото на Тошевски. При нафрлена топка од корнер во противничкиот шеснаесетник, се создаде мешаница, Најдовски стигна до топката кој бие, но обрани гостинскиот голман. Вардар напаѓаше со цел да израмни, Мицевски се обиде, шутираше силно, но со крајни напори повторно одбрани Захов. Во 89 минута, противникот постигна уште еден гол од брз контра-напад, Жуниор додаде до Ибраими, овој од прва бие и го совлада Гачевски за водство од 0:2.

Ова е прв пораз за Вардар оваа сезона, сега предноста на Вардар во однос на Шкендија е само четири бодови.