Младите кадети на РК Вардар денес во младинската лига го пречекаа тимот на РК Охрид, во еден контоверзен дуел ние минимално бевме поразени со 31-30. Покрај храбрата борба на момците на Будимир и Станковски не успеавме да дојдеме до ЗАСЛУЖЕНИОТ РЕЗУЛТАТ. Многу судиски неправди, опструкии во офанзива и дефанзива, лесно досудените санции на наша сметка и една кардинална грешка од записничката маса “кумуваа“ на овој пораз.
Дуелот почна со почетно водство на охриѓани кои поведоа со 0-1, ние потоа во офанзива добивме пенал. Умешно за 1-1 истиот го изведе Бојан Чакалиќ. Се играше тврдо, нашите момци против повозрасниот противник влегоа храбро, по 10.минути игра на семафорот беше реми 4-4. Противникот постојано поведуваше, но ние се враќавме и изедначувавме се до 14.минута кога они првпат отидоа на два плус 5-7. Калајџиски Симон стапи на сцена и со два фантастични продора успее да ја врати резултатската симетрија на 7-7 по само 60.секунди игра. Многу се бореа нашите момци постојано беа во чекор со ривалот, па во 25.минута влеговме со 11-11. Конечно поведовме и бевме наградени за борбеноста, Чакалиќ низ блокот и под закана од пасивен напад погоди за 12-11 на почетокот на 27.минута од овој натпревар. Доброто водење од клупата, заедно со несомнениот талент на тимот и во вака тежок дуел даде плод, на пауза отидовме со сосема заслужени предност 15-14, во последниот напад гостинот погоди помалку сомнителен гол од “цепелин“ по истекот на времето. Со овој погодок тие беа вратени на активен резултат пред почетокот на вториот дел.
Во вториот дел најпрвин поведовме со 20-17, но младиста на нашите момци во “коктел“ со чудните одлуку на судискиот пар дозволија изедначување на 23-23. При 25-25 голема и кардинална грешка на судиите и записничката маса, се одбранивме и требаше да идеме во контра за водство. Но поради тајм-аут кој беше побаран откако ја изгубија топката охриѓани им беше неправилно дозволено да се вратат повторно да напаѓаат. Тој подарок тие го искористија и поведоа, овој момент беше клучен за исходот. Уште еден таков момент видовме кога се одбранивме на 26-28, судијата кој беше подалеку сугерираше повторно да напаѓа Охрид. Нашите храбри момци ова не ги поколеба, тргнаа да надокнадат ама предноста добиена на неспортски начин на ривалот неможевме да ја анулираме. Влеговме со 30-31 во последниот напад на противникот нападнавме со пресинг, ама повторно беа враќани во “живот“ ривалите дозволувајќи им долг напад.
Кај нас Мишевски и Савревски имаа по пет гола, а Чакалиќ, Павловски и Грујовски стрелаа умешно по четири пати.