Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2009 со едно реми и еден пораз во Детската лига
ФК Вардар генер.2009 со едно реми и еден пораз во Детската лига

ФК Вардар генер.2009 со едно реми и еден пораз во Детската лига

Денес на терените на ФФМ, во Ново Лисиче момците на Зоран Петковски одиграа два натпревари во детската лига. ФК Вардар генерација родени 2009 дојдоа до и едно реми  и до еден пораз на овие денешни натпревари.

a2

Во првата средба се сретнавме со екипата на ФК Милано, во овој тежок натпревар одигрвме реми. Момците од ФК Вардар(1) тргнаа офанзивно прва прилика имавме преку Васко Папаливски кој ја погоди гредата од слободен удар.Се играше едно тешко полувреме поради врнежите од дожд со малку шанси, но со многу борба на теренот. Следеа три големи шанси за кумановчани, во првите две со неверојатни паради одбрани нашиот голман Баснарков Марко. Потоа имаа Милано пенал, кој го промашија шутирајќи крај голот. Ние имавме уште една голема шанса Васко Папаливски повторно не го посака среќата, овој пат неговиот удар заврши во стативата. Со почетните 0-0 заминавме на одмор.

a3

Второт дел позна со удар на Јаков Стојковски, топката идеше силно по земја, но голманот на нашиот ривал исфрли во нов корнер. Ова промашување беше казнето во продолжение, ФК Милано успеаа да поведе со 0-1 на овој дуел. Вито Павлов се обиде сепак неговиот удар заврши крај голот. Мораше да дојде крај на промашувањата, одлично изведе пенал Марко Петровски и го претвори во погодок за резултатска симетрија 1-1. Вистинско чудо беше одбранетиот пенал потоа на Баснарков Марко кој интервенираше повторно прекрасно.  Треба да жалиме за ремито имавме уште две прилики до крајот, најпрвин Михајловски не погоди, а на крајот од непосредна близина Данилел Колевски не им пресуди на кумановчани. Треба да бидеме задоволни од резултатот поради големата борба на нашите момци во овој дуел.

a4

ФК Вардар(2) во вториот дуел се срета со тимот на ФК Албион и бевме несреќно совладани во финишот со 2-1. Прва голема прилика на дуелот имаше нашиот ривал, тие добија еден незасужен пенал. Сепак на нашиот гол одлично инервенираше Лазевски Бојан кој го одбрани тој удар. Потоа пропуштивме прилика преку Максим Павловски, кој неуспеаа да погоди за наше водство. Неискористиве уште неколку прилики па ривалот успеа да казни и поведое со 0-1. Токму со овој резултат заминавме на пауза на овој дуел.

a6

Во вториот дел тргнавме во напад со цел да изедбачиме, се трудевме многу, теренот за игра беше тежок поради врнежите во текот на денешниот ден. Успеавме преку Максим Павловски да ја вратиме резултатската симетрија, тој умешно стрелаше за 1-1. Овој резултат беше на сила се до последната минута од натпреварот, ние на крај го испуштивме поволниот резултат. ФК Албион во самиот финиш поведе со 1-2 резултат со кој дојде до три бода на овој дуел.

a5