Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Милосављев: Доаѓањето во Вардар е голем чекор во мојата кариера
Милосављев: Доаѓањето во Вардар е голем чекор во мојата кариера

Милосављев: Доаѓањето во Вардар е голем чекор во мојата кариера

Дејан Милосављев кој пристигна летово од екипата на Партизан во Вардар, е замената за Штербик кој замина во екипата на Веспрем. Добрите настапи на голот во црвено-црниот дрес му овозможија повик во селекцијата на Србија, од новиот селектор, Ненад Перуничиќ кој го повика за претстојните квалификациски мечеви за пласман на ЕП. Моментално после пет одиграни кола во Лигата на Шампионите, Милосављев е втор најдобар голман според бројот на одбранети удари. Во интервју за српскиот медиум, srbijasport.net, Милосављев покрај повикот за националната селекција, говореше и за претстојот во Вардар.

На прашањето какво е чуството да се соработува со играчите на Вардар и да се замени Арпад Штербик, популарниот “банда„ вели дека чест е да игра заедно во екипа со такви играчи и дека ќе се труди максимално достојно да го замени Штербик, на голот на Вардар.

-Мислам дека со доаѓањето во Вардар направив еден голем чекор во мојата кариера. Штербик е еден од најдобрите голмани на сите времиња. Би сакал да можам да допринесам за екипата и клубот како и Арпад. Затоа ќе се трудам и ќе работам да стигнам до тоа. Чуството е неверојатно, секогаш има спортски однос на теренот и надвор од него, момците одлично ме прифатија и чест ми е да играм натпревари и да ја делам соблекувалната со нив.

Милосављев и Дејан Периќ не само што работат заедно на теренот, тие во најголем дел од денот се заедно, многу често зборуваат за ракометот, па не се случајни и добрите настапи на Милосављев на голот на Вардар.

-Кај Дејан Периќ за прв дебитирав во националната репрезентација. Ние двајцата одлично се познаваме, дружиме и почитуваме. Работата со Периќ ми донесе мир, сигурност и уште поголема желба за работа и докажување. Тој е човек кој живее за ракометот и за голманите и после неговата голема играчка кариера. Благодарен сум на бог што имам таков човек покрај мене. 

Интересно прашање за Милосављев, за “грамадата„ во Вардар, Даинис Кристопанс, колку тој на голманите им помага во одбрраната.

-Кристопанс е еден фантастичен човек, со кој можеш  да се договориш, поразговараш и секогаш е тука да те сослуша до крај. Тој многу значи во одбраната, се разбираме што е најбитно, верувам дека уште повеќе ќе ја зајакнеме нашата соработка. 

vardafans-tekst

Во групата на “смртта„ Вардар одлично ја започна сезоната во ЛШ, каде во групата А имаат четири побеи и само еден пораз. На прашањето какво е чуството да се победи Штербик и Вепрем, Милосављев истакна дека не е тој, туку целиот тим победил во “Веспрем арената„.

-Целата екипа е задоволна од резултатите и среќни како и јас. Поразот кој го имавме, го забравивме, одиме напред до нови победи. Против Киелце во Скопје ќе дадеме 200% од своите можности и само да бидат сите играчите здрави. Чуството беше фантастично, Вардар победи, а не не го победив јас Штербик, мојата екипа беше одлична и ми овозможи да дојдам до полесни решенија на голот, кои на крајот ни донесоа победа против Веспрем.