Денес на терените на ФФМ, во Ново Лисиче тимовите предводени од Филип Спасевски , ФК Вардар генер.2006 одиграа две средби од детската лига. Во првиот дуел дојдоа до победа, а во вториот одигравме едно интересно реми.
ФК Вардар(1) дојде до триумф во соочувањето со тимот на ФК Албион. Во дуелот влеговме со цврста игра на двете страни, првата прилика ја имавме ние од слободен удар. Порчу Димитар се обиде но не погоди, веднаш потоа се заканивме и преку Миовски Александар. Неговиот удар голманот на ривалот го скроти со крајни маки. Следеше закана за нашиот гол која умешно ја расчисти голманот на црвено-црните Андреј Данстак. Нашата постојана иницијатива во продолжение конечно даде “плодови“. За предност од 1-0 погоди Нуман Ајетовиќ со удар од над 20.метра. Веднаш потоа го удвоивме водството преку Марко Николовски. Тој погоди за 2-0, по еден одличен соло-продор. Токму со овој резултат заминавме на пауза на овој натпревар.
Вториот дел беше далеку подинамечен од првиот период на оваа средба. За жал на самиот почеток на овој период по една шанса противникот намали на 2-1 и внесе неизвесност во средбата. Алтин Алији најпрви имаше прилика која не ја претвори во гол, а веднаш потоа истиот играч погоди за 3-1. Тој доби добра топка од Марко Николовски по што беше само рутина да ја врати предноста од два погодока. По ова водство го контролиравме дуелот, ние имавме посед, а до крајот имавме и серија други прилики кои не ги претворивме во гол. Победата ја остваривме со резултат 3-1. До крајот се обидоа Алтин Алији и Нуман Ајетовиќ кои не постигнаа погодок.
ФК Вардар(2) одигра реми во средбата со екипата на ФК Сарај. Дуелот најпрвин почна со наша офанзива, но по една наше невнимание во одбраната ривалот казни. Тие успеа по 3.минути игра да поведат со 0-1 на овој дуел. Ние потоа преку ново влезениот Митев Марко се заканивме, сепак неговиот удар го одбрани противничкиот голман. Голема прилика за погодок пропушти и Нуредини Алдин чии удар заврши во рацете на голманот. Напаѓавме постојано со цел да изедначиме и да ја вратиме резултатската симетрија на оваа средба. Прилика за водство со два гола спречи нашиот голман Таневски Дамјан со една одлична интервенција, истата потоа во офанзива беше наградена со гол. Одлично исолира Максим Митровски, популарниот “Боксер“ асистираше маестрално до Михаел Танчев кој мајсторски ја спроведе топката во голот за изедначување на 1-1. Ние се обидовме и по овој гол да напаѓаме сепак немавме погодок до пред почетокот на паузата.
Вториот дел започна со цврста игра на двата тима кои се сконцетрии на почетокот на средината од теренот, се играше меч со доста дуели. Противникот се закани сепак на нашиот гол сигурен беше Таневски Дамјан. Антониј Динов се обиде со удар од дистанца, неговиот шут заврши крај десниот директ. Имавме далеку повеќе од поседот потоа за време на вториот период од натпреварот. Сепак тоа не го валоризиравме па бевме казнети, по една корна бевме во негатива откако ривалот погоди за 1-2. На сцена стапи Максим Митровски “Боксер“, храбро мина асистираше и по двојно проигрување топката стигна до него, тој силно по земја изедначи на 2-2 на оваа средба од детската лига.
Голема прилика имаше Ангел Настевски , неговиот удар од аголот беше исфрлен со парада во корна. И како и секогаш после промашена голема шанса стигнува казна, за жал нас веднаш не стигна и повторно бевме во негатива овој пат со 2-3. Танчев с е обиде со лукав удар откосо, кој не донесе реми. Голот за 3-3 беше вистинско ремек-дело на Лука Митрески, тој шутна силно со лева нога и од стативата топката се заби во голот. Танчев повторно се обиде, топката не го посака и заврши во дирекот. На крајот треба да бидеме задоволни со резултатот, а пред се со играта на нашите момци денес.