Денес во Прилеп, 8.првенствено коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар кои гостуваа на екипата на Поебда. На овие дуели остваривме половичен успех од една победа и еден пораз.
Помладите пионери се поразени на гостувањето кај Победа, минимално со резултат од 1:0. Единствениот гол падна во 15 минута, а истиот беше дело на противничката екипа. Со овој пораз, помладите пионери на Вардар го губат чекорот за титулата, со екипата на Работнички.
На денешниот дуел, тренерот Деспототвски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Трпезановски, Јовановски, Петрушевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Алими, Давидовски, Живков, Мирков, Андрески.
Вио игра влегоа уште Прелоговски, Ќосески и В.Стојановски.
Пионерите на Вардар пак продолжуваат со победите, во рамките на пионерската супер лига. Избраниците на Кралевски стигнаа до многу важна победа на тешкото и незгодно гостување кај екипата на Победа. Црвено-црните славеа минимално со резултат 0:1 со погодокот на нововлезениот Александар Ѓурковски во 62 минута.
Тренерот Кралевски го стартуваше мечот со: Величковски, Петејчук, Асани, Костовски, Крстевски, Радуловиќ-Величковиќ, Гугуљанов, Салиу, Омерагиќ, Речица, Трајановски.