Вардарци отпатуваа за Белорусија, каде утре ќе гостуваат на екипата на Брест Мешков, на натпревар од СЕХА-лигата. За овој дуел се решивме да отпатуваме со комбиниран состав од неколку првотимци и играчи кои се дел од екипата на Вардар Јуниор. Црвенковска и Петрушевски ќе “диригираат“ со екипата на утрешниот натпревар против Брест Мешков. Какви се очекувањата од овој дуел, можете да прочитате од изјавите на Црвенковска и Недановски дадени за официцијалната страна на СЕХА.
-Мешков има одличен тим и квалитетни играчи на секоја позиција. Тие обично играат со своите играчи од првиот тим на домашен терен, па дефинитивно нема да биде лесно, истакна Црвенковска.
-Секогаш е тешко да се игра после репрезентативните настапи. Затоа очекувам ова да биде тежок натпревар против еден од нашите најтешки ривали во СЕХА лигата и тим против кој ќе играме во Лигата на шампионите во сабота. Натпреварите со Мешков се секогаш дерби и носат посебна мотивација, рече Неданвски.