Викендов во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје започна четвртата сезона во вардаровата Јуниор Лига. Кај момците родени во генерација 2008/09 година се одигра еден натпревар. Во истиот тимот на РК Ангели Вардар беше поуспешен од екипата на РК Кисела Вода Вардар со резултат 11-6.